Нуров обезбеди прв медал за Македонија на Медитеранските игри
Борачот во слободен стил во категоријата до 97 килограми, Магомедгаџи Нуров, го обезбеди првиот медал за македонските спортисти на Медитеранските игри, откако вечерва обезбеди пласман во финалето со победа над Мостафа Елдерс од Египет.
Нуров избори место во утрешното финале со убедлива победа од 6:1 на поени против неговиот египетски противник.
Претходно на Медитеранските игри, чиј домаќин е алжирскиот град Оран, македонскиот борач Нуров обезбеди три победи со технички туш против противници од Тунис, Алжир и Шпанија.
Нуров е натурализиран македонски борач родум од руската република Дагестан во Северен Кавказ. Тој е етнички Авар, најголемата етничка заедница во мултиетничкиот Дагестан.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…
Досието на Македонија е многу сложено, но…
Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…
Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…
Македонија со седум борачи на Светското првенство…
На предстојното сениорско Светско првенство во борење,…
ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…
ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…
ЗНМ реагира на заканувачка содржина насочена кон…
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изразува…