Нухиу го честиташе изборот за Абази за шеф на ОЈОГОКК: Очекувам напредок во соработката

t

„Со чинот на директно гласање, Македонија влегува во уште поподготвено ниво во борбата против организираниот криминал и корупцијата“. Вака попладнево Агим Нухиу, заменик-министерот за правда го поздрави изборот на Ислам Абази за нов шеф на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција.

„Очекуваме поголем напредок во оперативната соработка со меѓународните партнери и координација на активностите меѓу обвинителството, полицијата и другите релевантни тела против организираниот криминал и корупцијата за подобрување на ефикасноста на спроведувањето на законот. Со нетрпение очекуваме напредок во истражните постапки, во гонењето и казнувањето на случаите на организиран криминал и перење пари со фокус на конфискација на имотот од криминал“, напиша Нухиу на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Ова ли е демократија? Франција затвора…

Во градот Бове, Франција, започна правна постапка…