Објавено на:

НЀ УБИ ЖИВИ! Исповед на родителите на две жртви од масакрот во Младеновац: Убиецот и неговиот татко да одговараат

t

Убиецот таа вечер ни го одзеде целиот свет и немаме што да дишеме и зошто да живееме! Нашата сегашна мисија е да донесеме правда и да ги натераме убиецот и татко му да одговараат за злосторствата бидејќи тие се единствените виновни за ова наше црнило, вели во исповед за српски Курир родител на убиени во масакрот кај Младеновац.

Плачејќи, неми од болка и тага, С.П. и З.П., ја започнуваат својата тешка приказна точно еден месец откако У.Б.(21) од родното село Дубоне кај Младеновац ги црнил, кога во училишниот двор од зад грб ја убил нивната ќерка К.П.(19 ) и синот, младиот полицаец М.П.(21). За жал, тие се само две од осумте жртви на налудничавиот масовен убиец кој таа вечер на 4 мај сееше смрт во селата кај Младеновац и Смедерево.

Останавме сами. Болката што ја чувствуваме не можеме ниту да ја опишеме, ниту да ја кажеме. Ги загубивме двете деца. Ми земаа се, не можам да си ги вратам децата, живи не уби таа ноќ – вели З.П., седи во темнината, а потоа продолжува:

-Сега поминаа четириесет дена за моето девојче и четириесет дена откако не се насмеав. Тие беа мојата причина за живеење. Искрено, не би ми било гајле да ме убие… Ние двајца немаме кај кого да работиме, градиме, еве ви куќа толку голема, а на кого да ја оставиме?! Останавме сосема сами, вели тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ново судење против родителите на монструмот Кецмановиќ…

Во Вишиот суд во Белград денеска треба…

„Толку мало дете, а толку страшен план…

Помина една година од масовното пукање во…

23 години од масакрот кај Вејце –…

Денеска се одбележуваат 23 години од нападот…

Да не се заборави: 12 години од…

Денеска се навршуваат дванаесет години од петкратното…

Продолжува судењето на семејството Кецмановиќ, сведочи момче…

Денеска во Палатата на правдата во Белград…