ОАЕ ќе ја снабдуваат Германија со течен гас и дизел
Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) и Германија, за време на посетата на германскиот канцелар Олаф Шолц (Шолц) на Абу Даби, денеска потпишаа договор со кој се предвидува снабдување на Германија во 2022 и 2023 година со течен гас и дизел.
Министерот за индустрија на ОАЕ, султан ал Џабер, го поздрави „новиот историски договор“ кој „го зајакнува растечкото енергетско партнерство меѓу ОАЕ и Германија“, за време на потпишувањето на договорот во присуство на Шолц, пренесоа медиумите.
Шолц, кој се сретна со претседателот на ОАЕ Мухамед бин Зајед Ал-Нахјан, исто така присутен на потпишувањето, го поздрави договорот за „енергетска безбедност“.
Договорот предвидува извоз на течен природен гас во Германија на крајот на 2022 година, по што ќе следи испорака на дополнителни количини во 2023 година.
Локалните медиуми јавија дека во септември имало директна испорака на дизел за Берлин и додаваат дека во 2023 година Германија ќе добива околу 250.000 тони дизел месечно, пренесува Бета.
Шолц е на кратка турнеја низ земјите од Заливот. Вчера беше во Саудиска Арабија, денеска е во ОАЕ и на крајот на денот ќе го посети Катар.(МИА)
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ХАОС ВО ПЕНТАГОН: Американската војска се соочува…
Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет наредил…
ПРЕСВРТ ВО ВАШИНГТОН: Трамп тврди дека не…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека во…
САЈБЕРНАПАДОТ ВРЗ ЕВРОПСКИТЕ СУПЕРМАРКЕТИ СЕ ШИРИ: Пријавени…
Серија пријавени сајберинциденти насочени кон системите за…
„Меѓуизбори 2026“: Американците утре избираат нов состав…
Во САД утре се одржуваат меѓуизбори (избори…
СИЛНИ ЕКСПЛОЗИИ ГО ПОТРЕСОА ИРАНСКИОТ ОСТРОВ КЕШМ:…
Серија силни експлозии е пријавена на иранскиот…