Објавено на:

Обвинение против две лица од гостиварско за недозволена трговија со кокаин

t

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен акт против две лица од селото Калиште, кои се товарат за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик.

Обвинетите соизвршители, на 12 април во селото Зубовце, купиле и неовластено за продажба држеле наркотична дрога кокаин. Кај едниот обвинет биле пронајдени 12 пакувања со вкупна нето маса од 4,83 грама, додека кај другиот – 2 пакувања со вкупна маса од 0,77 грама.

Оценувајќи дека се уште постои можност обвинетите да се дадат во бегство, да влијаат врз сведоците или да го повторат делото, надлежниот јавен обвинител до Основниот суд во Гостивар достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор.​​

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Буркина Фасо ги забрани радио станиците Би-Би-Си…

Буркина Фасо ја забрани работата радио станиците…

Петровска: ВМРО-ДПМНЕ го замениле името Македонија во…

Вечерва во ТВ соочување во емисијата само…

Пендаровски во Крушево: Не ни помислувам да…

Кандидатот на СДСМ за претседател на Македонија,…

Се јави Бучковски: ЗНАМ на Максим Димитриевски…

И на изборите во 2006 година имаше…

УТРЕ Е ЛАЗАРОВА САБОТА: Наберете го ова…

Утре е Лазарова Сабота, еден од поголемите…