Обвинители од ЈО вршат контрола во ОЈО ГОКК

t

Со одлука на Јавниот обвинител на Република Македонија, сите јавни обвинители од Јавното обвинителство на Република Македонија денеска вршат контрола во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

Претходно, согласно надлежностите на републичкото јавно обвинителство, контрола беше извршена во сите виши јавни обвинителства во државата. Надзорот се врши во согласност со член 21 од Законот за јавното обвинителство и Правилникот за вршење надзор над работата и постапувањето на јавните обвинителства донесен од Советот на јавните обвинители.

До крајот на годината ќе биде извршен надзор и над постапувањето на Одделението за меѓународна правна помош во Јавното обвинителство на Република Македонија и над Канцеларијата за врски со Европравда во републичкото обвинителство.

Државниот обвинител Љупчо Коцевски иницираше диспиплинска одговорност за суспендираниот шеф на Вишото скопско обвинителство Мустафа Хајрулахи и за вишиот обвинител Јован Цветановски. Ова следува откако го добил конечниот ивештај од надзорото во ова обвинителство. Дисциплинската одговорност ја покренал поради нестручно и несовесно работење на обвинителите.

Во четири предмети Цветановски се откажал од жалбa или обвинение. Согласност за ова во три предмети му дал неговиот шеф Хајрулахи кој е суспендиран поради истрагата во која е осомничен дека малтретирал вработени и вршел злоупотреби. Според соопштението, дисциплинската за Хајрулахи е и поради неправилности при заведување на предметите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кочанскиот обвинител бара јавно извинување од Ива…

Обвинителот од Основното јавно обвинителство Кочани, Игорчо…

ВМРО-ДПМНЕ: ЈО не смее да молчи за…

СДС свесно и со умисла создаваат хаос,…

Јавното обвинителство ја следи ситуацијата со Алта…

Дали Обвинителството нешто истражува и дали ќе…

Студентската листа во Србија бара оставки во…

Претставниците на Студентската листа „Студентите победуваат“ во…

Савески: Еден обвинител работи за тројца, но…

Недостигот на јавни обвинители, несоодветните просторни услови…