Обвинителката Кадриу: Ме разрешија по нарачка на власта! Катица ми даде отказ оти не сум тимски играч

t

Обвинителката Лејла Кадриу, во 2010 година, кариерата ја почна во тетовското обвинителство и таму ја заврши, но откако Советот на јавни обвинители ја суспендираше и ја разреши. Во јавноста стана позната откако доби отказ од шефицата, на сега веќе згаснатото Специјално јавно обвинителство.

Во интервју за „Фокус“ објаснува дека Катица ѝ дала отказ зашто не била тимски играч, а обвинителската кариера ѝ завршила под влијание на одредени структури на политиката, на кои им пречело нејзиното законито, стручно и ефикасно работење. Во интервјуто, таа зборува и за урнисаната правосудна власт, за малиот број обвинители, но и за почетоците на СЈО

ФОКУС: Минатиот месец, Советот на јавни обвинители, на седница едногласно ве разреши од тетовското обвинителство за инцидентот во селото Синичане, каде што полицијата излезе на терен за наводна бесправна градба на водоводен систем. За што точно беше поведена дисциплинска постапка против Вас?

КАДРИУ: Дисциплинската постапка против мене се водеше за настан што се случи на 29 јули 2020 година. Тој ден бев дежурна и добив информација од полицијата дека има конфликт, недоразбирања меѓу месното население на селото Синичане и полицијата и дека на самото место нема жители на друго село, туку директно меѓу полицијата и месното население.

ФОКУС: Кое беше образложението на Советот за Вашето разрешување?

КАДРИУ: Образложението беше дека сум се придружила на локалното население и со тоа сум го нарушила јавниот ред и мир и дека сум го навредила министерот. Тоа е нешто неприфатливо. Јас мислам дека тоа беше нарачано од некои структури во политиката, некому не му било по волја, некој се почувствувал навреден.

Четири месеци по настанот, во канцеларија ми дојде писмо од некој адвокат со опомена пред тужба за клевета. Бараа јавно да му се извинам на министерот Оливер Спасовски, затоа што сум рекла јавно дека тој ми има речено дека сум отишла да бранам криминалци и дека сум криминалец зашто „наводно“ тоа не е вистина и дека тој „наводно“ тоа не ми го рекол. Нормално, не се извинив, бидејќи ја зборував вистината. Но, од тогаш поминаа две години и никој не ме тужи за клевета.

Разговараше : Фросина ФАКОВА-СЕРАФИНОВИЌ

Целиот текст може да го прочитате на следниот ЛИНК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ