Обвинителството води повеќе предмети против Мерко, ќе се истражува дали влијаел врз обвинители
Против струшкиот градоначалник Рамиз Мерко кој се најде на „црната листа“ на САД за голема корупција, злоупотреба на фондови и мешање во судството активни се повеќе предмети, информираат од Јавното обвинителство. Од Обвинителството велат дека исклучително сериозно ги земаат предвид сознанијата на американскиот Стејт департмент за потенцијално влијание од страна на Мерко врз постапките и дека итно по секој предмет ќе ја испита законитоста и ажурноста во постапувањата и евентуалното вршење влијание во постапувањето по предметите.
Од Обвинителството се децидни дека за сите обвинители за кои ќе се утврди дека постапувале неажурно, нестручно и потпаднале под влијание ќе се поведе постапка за одговорност.
Од шестте предмети на кои работи Обвинителството најголем дел се за злоупотреба на службена положба и овластување.
„КО бр. 107/23 кој е заведен по кривична пријава поднесена од повеќе Здруженија на граѓани, за кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 од КЗ. Пријавата е поднесена на 26.04.2023 година, постапува ОЈО Струга и преема дејствија за проверка на наводите.
КО бр. 117/23 заведен во ОЈО Струга против наведеното и уште две други лица за кривични дела по член 353 и член 353-в од КЗ, а по кој има испитани лица и редовно се постапува.
КО бр. 121/23 примен во ОЈО Струга на 19.05.2023 година и по кој се проучува пријавата и предистражната постапка е на почеток“, информира Обвинителството.
Кривична пријава во 2015 година има поднесено и Финансиска полиција. Дури во 2020 година е издадена наредба за вештачење, кое и по три години не е готово
„Обвинителот што постапува во предметот издал Наредба за вештачење до Бирото за судски вештачења, по доставените наоди во три наврати е побарано дополнување на вештачењето. Предметниот обвинител се уште го чека постапувањето по Наредбата за дополнување издадена во февруари 2020 година“, велат од Обвинителството.
Против струшкиот градоначалник се води случај и во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција. Тој предмет е отворен во 2022 година, а се однесува на ангажмани за адвокатски услуги. Предметот е во предистрага и се постапува по истиот“, велат од Обвинителството.
Мерко е осомничен и за измама на повеќе лица, преку експропријација на земјиште во Струга. И тој предмет е во предистрага четири години.
„По слични наводи постапувало и ОЈО Струга и ОЈОГОКК, по што двата предмети се споени, обезбеден е судскиот предмет и дел од списите кои се наведуваат во пријавата. Се наоѓа во фаза на предистражна постапка“, посочуваат од Обвинителството.
Добивајте ги најновите вести во нашите групи на Вибер и Телеграм и дебатирајте во Телеграм групата за дебата на Инфомакс.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кочанскиот обвинител бара јавно извинување од Ива…
Обвинителот од Основното јавно обвинителство Кочани, Игорчо…
ВМРО-ДПМНЕ: ЈО не смее да молчи за…
СДС свесно и со умисла создаваат хаос,…
Јавното обвинителство ја следи ситуацијата со Алта…
Дали Обвинителството нешто истражува и дали ќе…
Студентската листа во Србија бара оставки во…
Претставниците на Студентската листа „Студентите победуваат“ во…
Савески: Еден обвинител работи за тројца, но…
Недостигот на јавни обвинители, несоодветните просторни услови…