Обвинителството ги објави: Ова е списокот на обвинети во случајот „Феникс“

t

Експремиерот Никола Груевски, ексминистерката Елизабета Канческа-Милевска и ексминистерот за финансии Зоран Ставревски се дел од осомничените во предметот „Скопје 2014“ заедно со поранешните градоначалници на Центар, Владимир Тодоровиќ, и Виолета Аларова. Вкупно 15 лица се под истрага за набавка на десетте споменици, дел од проектот за кој се води постапката.

„По опсежно проверена постапка со кодно име ‘Феникс’, до судија за претходна постапка поднесени се барања за претреси, одземање имот поради идна конфискација, замрзнување банкарски сметки, барање за притвор. Се спроведува постапка против 15 лица, каде што, освен македонски државјани, има и државјани од Италија, поради сомневање дека сториле кривични дела злоупотреба на службената положба и овластување и перење пари“, посочи обвинителот Љубомир Лапе.

Ова е целосниот список на обвинети.

1. Претседател на Влада на РСМ и претседател на партија
2. Заменик-претседател на Влада и министер за финансии
3. Државен секретар и министер за култура
4. Претседател на Совет на Општина Центар
5. Градоначалник на Општина Центар
6. Градоначалник на Општина Центар
7. Секретар на Општина Центар и претседател на Комисија за јавни набавки
8. Сопственик и управител на италијански правни лица
9. Правно лице од Р.Италија
10. Правно лице од Р.Италија
11. Управител на македонско правно лице
12. Правно лице од РСМ
13. Вработен во Општина Центар
14. Сопственик на правно лице
15. Правно лице од РСМ
16. Вработен во Општина Центар
17. Сопственик на правно лице
18. Правно лице од РСМ
19. Вработен во ЈУ „Музеј на Град Скопје“ и овластено лице во правно лице
20. Сопственик на правно лице
21. Правно лице од РСМ
22. Правно лице од Р.Италија

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Израел ќе се приклучи на нападите врз…

Израелската армија проценила дека во моментов нема…

Новата рунда разговори за мир во Украина…

Најновата рунда дипломатски разговори околу Украина, која…

БРАВО! МВР поднесе нов закон за семејно…

Министерството за внатрешни работи (МВР) поднесе до…

Сиљановска-Давкова на Самитот на ЕПЗ во Даблин:…

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска заедно со 50…

Лажеле дека купуваат трактори, трвделе дека се…

Неправилности при користењето на финансиската поддршка во…