Обвинителството не открива имиња, но соопшти број и возраст на загинатите во Кочани
Четири денови по најголемата трагедија во поновата македонска историја, кога 59 млади животи згаснаа во кочанската дискотека без лиценца „Пулс“, Јавното обвинителство не ги соопштува имињата, туку бројот и возраста на жртвите во пожарот.
Според Јавното обвинителство, од нивна страна издадени биле 59 наредби за обдукција. Од Обвинителството до медиумите испратија табела со следните информации за загинатите: Три починати лица за кои била издадена наредба за обдукција се на возраст од 16 години, три лица се на возраст од 17 години, загинале 4 лица на возраст од 18 години, 1 лице на 19 годишна возраст, две лица на возраст од 20 години, 6 лица на возраст од 21 година, две лица на возраст од 23 години, седум на возраст од 24 години, три лица на возраст од 25 години, 7 лица на возраст од 26 години, две лица на возраст од 27 години, едно лице на возраст од 29 години, три лица на возраст од 30 години, две лица на возраст од 31 година, едно лице на возраст од 32 години, едно лице на возраст од 33 години, четири лица на возраст од 36 години, две лица на возраст од 38 години, едно лице на 43-годишна возраст, две на возраст од 44 години, едно лице на возраст од 47 години и едно лице на возраст од 48 години.


ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Обвинителството не може да си ги обезбеди…
Само една девојка, преживеана во кочанската трагедија,…
Кривични за демонстрантите кои сакаа да возат…
Битолската полиција поднесе кривична пријава против четири…
Калајџиев: Низа пропусти во случајот „Пулс“ –…
Целата приказна со Кочани е доста интересна…
Уапсен косовски обвинител за примање на мито
По наредба на Специјалното обвинителство на Косово,…
Обвинителството за Беланоца-Барон: Се декларираат за големи…
Со воведни зборови на Обвинителството, денеска, во…