Обвинителството поведе постапка против осомничените за фалсификувани возачки: Седуммина се во бегство, се бара притвор за тројца и мерки за претпазливост за 17 лица

t

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против вкупно 27 лица како соизвршители во кривично дело – Фалсификување исправа од член 378 од Кривичниот законик во однос на злоупотреби при издавање возачки дозволи.

Една од осомничените е вработена во МВР – Одделение за управни работи Скопје, која се сомничи дека во периодот од 03.09.2020 до 24.08.2026 година, користејќи ја својата службена шифра и службените овластувања во електронскиот систем, незаконски менувала претходно креирани барања за издавање возачки дозволи од други вработени, а во одредени случаи ги отфрлала веќе оформените барања и креирала нови, во кои внесувала категории за кои подносителите не ги исполнувале законските услови. По извршените измени, барањата биле одобрувани и биле издавани возачки дозволи со невистинита содржина.

До овој момент, за четири лица е утврдено сомнение дека постапувале како посредници, при што во договор и содејство со вработената во МВР посредувале за незаконско издавање на возачки дозволи. Тие пронаоѓале заинтересирани лица, и ги поврзувале со службеното лице, па ја координирале постапката до незаконското внесување и одобрување на категориите во електронскиот систем и нивно издавање.

Лицата на кои им биле издадени возачките дозволи, иако не ги исполнувале законските услови за соодветните категории, ги започнале постапките со поднесување барања, по што категориите биле незаконски внесени и одобрени во електронскиот систем, а потоа лажните исправи ги употребувале како вистините, па и за нив постојат основи на сомнение за кривично дело „Фалсификување исправа“ во соизвршителство.

За вработената во МВР, како и за две лица кои повеќепати ги употребувале лажните дозволи за да управуваат возила во меѓународен превоз на патници и стоки, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор. За вкупно 17 лица се предложени мерки на претпазливост, додека 7 се недостапни на органите на прогонот до овој момент.

Основното јавно обвинителство Скопје продолжува да го истражува настанот и потенцијална инволвираност на други лица како вработени во МВР, така и посредници и евентуални корисници на вака фалсификуваните документи, како и можни други злоупотреби при издавањето и користењето на возачки дозволи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Обвинителството поведе постапка против осомничените за фалсификувани…

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против…

Кривична пријава против 27 лица за незаконско…

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и…

Четворица кандидати за градоначалник на Брвеница

Владините коалиционери ВМРО-ДПМНЕ и Влен истакнаа одделни…

ЦИА објави тајни белешки за Ал Каеда:…

ЦИА вчера декласифицираше повеќе од 70 претседателски…

ОЈО: Извршен увид во сообраќајката кај Миладинови…

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство…