Обвинителството ќе бара краткотраен притвор за Алабаковски од околу една недела, само поради опасност од бегство

t

За уапсениот поп-пејач Ламбе Алабаковски, осомничен за опожарување на влезната врата на неодамна отворениот бугарски центар во Битола „Иван Михајлов“, обвинителството ќе бара краткотраен притвор од околу една недела, само поради опасност од бегство, зашто тој до неодамна живееше во странство. Извори од обвинителството за САКАМДАКАЖАМ.МК велат дека е точно оти Алабаковски не сторил тешко дело со тешки последици за да мора да биде притворен, но дека кај него постои реална опасност од бегство, бидејќи има каде да отпатува во странство.

Од Обвинителството велат дека Алабаковски не само што го признал палењето на вратата на објектот, туку и дека бил многу коректен. Нема досие со други кривични дела, тој е неосудуван досега, што секако ќе му бидат олеснителни околности пред судот.

До судење на популарниот пејач изгледа ќе дојде многу брзо, зашто обвинителството ќе поднесе обвинителен предлог за предизвикување општа опасност, каде е предвидена казна од 6 месеци до пет години затвор. За кривични дела до 5 години затвор, се поднесува обвинителен предлог, а не обвинение. Кај обвинителниот предлог сите рокови се кратки, постапките се економични, судската одлука за Ламбе би требало да дојде многу брзо.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…

Досието на Македонија е многу сложено, но…

Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…

Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…

Македонија со седум борачи на Светското првенство…

На предстојното сениорско Светско првенство во борење,…

ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…

ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…

ЗНМ реагира на заканувачка содржина насочена кон…

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изразува…