Обвинителство ќе ја чека разрешницата во антикорупциската комисија за случајот Христовски
Новиот директор на Агенцијата за национална безбедност Бојан Христовски од поставувањето на функцијата го „тресат серија скандали“. Од СДСМ секојдневно преку соопштенија бараат да се разреши новопоставениот шеф на тајната служба, а побараа и од Јавното обвинителство да отвори истрага, за како што велат, „незаконското поставување на Христовски на чело на АНБ“.
Од Обвинителството пак, за Телма, велат дека ќе ја чекаат разрешницата во антикорупциската комисија за случајот, откако до ДКСК стигнала анонимна претставка со наводи дека Христовски е незаконски именуван на функцијата.
Како што информираа од Обвинителство, за да нема дуализам во постапката, веднаш по завршувањето на таа постапка во ДКСК, ќе постапат согласно своите законски овластувања.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВМРО-ДПМНЕ: ЈО не смее да молчи за…
СДС свесно и со умисла создаваат хаос,…
Јавното обвинителство ја следи ситуацијата со Алта…
Дали Обвинителството нешто истражува и дали ќе…
Студентската листа во Србија бара оставки во…
Претставниците на Студентската листа „Студентите победуваат“ во…
Савески: Еден обвинител работи за тројца, но…
Недостигот на јавни обвинители, несоодветните просторни услови…
„Сум бил свиња и сакал да ме…
Премиерот Мицкоски денес одговарајќи на новинарско прашање…