ОБВИНИТЕЛСТВОTO ПЛАНИРА РАСПИТ НА ПЕНДИКОВ: Од Бугарија ќе биде побарана неговата моментална адреса

t

Вчера беше приведен вториот напаѓач на Пендиков, битолчанецот Б.А. Првиот напаѓач на Пендиков, Илија Спасески, од вчера повеќе не е во притвор. Судското рочиште за него е закажано за 28 февруари

Обвинителството во Охрид побара распит на претепаниот Христијан Пендиков, секретарот на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ од Охрид. За таа цел, обвинителството во Република Македонија ќе побара од Бугарија информации за моменталната адреса на Пендиков, јавува бугарска Нова.

Пендиков беше претепан во Охрид на 19 јануари. Според обвинителството, делото е извршено од омраза. Вчера беше приведен вториот напаѓач на Пендиков, битолчанецот Б.А. Обвинителството во Охрид побара од судот привремено да му го одземе пасошот за да не може да ја напушти Македонија.

Првиот напаѓач на Пендиков, Илија Спасески, од вчера повеќе не е во притвор. Судското рочиште за него е закажано за 28 февруари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

На ГАК годишно се раѓаат од 600…

Ноември е месец посветен на предвремено родените…

Отворени шалтерите на АЛТА банка АД Битола…

Од денеска се отворени шалтерите на АЛТА…

ДЕЗИНФОРМАЦИИТЕ ЈА ЗАГРОЗУВААТ ИДНИНАТА НА МАКЕДОНСКОТО РУДАРСТВО…

Последниот пресек на состојбата во македонската индустрија…

30 дена кризна состојба во Крива Паланка:…

Градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски,…

ГОЛЕМО НАМАЛУВАЊЕ НА ЦЕНИТЕ НА ГОРИВАТА НА…

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука за…