Обвинител под истрага за малтретирање и злоупотреба на службена положба, оддалечен од функцијата

t

Основното јавно обвинителство Штип донесе Наредба за спроведување истражна постапка против јавен обвинител за кого постои основано сомнение за сторено продолжено кривично дело – Малтретирање во вршење на службата од член 143, како и за продолжено кривично дело – Злоупотреба на службена положба и овластување од член 353 од Кривичниот законик.

Кривичната пријава против јавниот обвинител за малтретирање во вршење на службата беше поднесена до Јавното обвинителство на Република Северна Македонија од страна на група вработени во Вишото јавно обвинителство Скопје, по што таа беше проследена на надлежно постапување на Основното јавно обвинителство Штип. Во текот на истражните дејствија преземени од штипското обвинителство се добиени податоци и сознанија кои упатуваат на сомнение и за дејствија на злоупотреба на службената положба и овластување.

По приемот на известувањето за поведена истрага, врз основа на член 81 од Законот за јавното обвинителство, Јавниот обвинител на Република Северна Македонија донесе Одлука за оддалечување од функцијата за јавниот обвинител додека трае кривичната постапка поведена по поднесената пријава против него.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мајка донела пакет за синот во „Идризово“,…

При редовна проверка на пакет во затворот…

Искршени плочи на гробишта во Скопје по…

По Задушница, скопјанец пријавил оштетување на гробно…

Пет дена боледување од матичен – Нови…

Од 1 декември се менуваат правилата за…

Украински напад врз една од најголемите руски…

Украина изврши напад врз рафинеријата за нафта…

Палмер: Македонија направи сè што Европската унија…

Македонија направила сè што Европската унија побарала…