ОБЛАК СО ПРАШИНА ОД САХАРА СЕ ДВИЖИ КОН МАКЕДОНИЈА: Времето ќе биде мачно, спарно и тешко!
ов облак од прашина и песок од Сахара доаѓа над Балканскиот Полуостров, вклучувајќи ја и Македонија во недела и во понеделник, придружен со повремено засилен ветер од јужен и од југозападен правец (повремено и локално со брзина и од над 60 км/час).
Токму поради ова, aтмосферата повторно ќе биде многу заматена, а времето ќе биде многу мачно, спарно и тешко, што секако особено лошо ќе се одрази врз метеопатите.
Времето ќе биде стабилно, суво и претежно сончево, а температурите ќе бидат невообичаено високи за овој период од годината и тие ќе се искачуваат во интервалот од 23 до 28 степени. Во најтоплите централни и југоисточни предели тие се очекува да се искачат дури до околу, а можно е и над 30 степени.
Со ова температурите ќе бидат дури за 10 до 15 степени повисоки од нормалните.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кандидатот на студентската листа Александар Чупиќ избран…
Александар Чупиќ, кандидат на пратеничката група „Студентска…
Две малолетнички нападнале девојче во Кавадарци –…
Две малолетнички нападнале трета во Кавадарци, едната…
Автобусите и камионите под засилена полициска контрола…
Автобусите и товарните возила се под засилена…
Трамп, Путин и Си во заедничка изјава:…
Претседателот на САД, Доналд Трамп, рускиот претседател…
Прилично глупав потег е тоа што потрошив…
Илон Маск изјави дека се чувствува „прилично…