Обновата на Охридската Архиепископија: Првиот македонски црковно-народен собор

t

Во присуство на над триста делегати, свештеници, претставници на народната власт и на Народниот фронт, делегатите автентично го искажаа расположението на македонскиот народ од сите краишта на слободна Македонија за создавање на Македонска православна црква преку обнова на старата Охридска архиепископија, во 1767 година незаконски укината од турскиот султан Мустафа Трети, а по барање на Цариградската патријаршија.

На овој Собор, кој се одржал на денешен ден, 4ти и 5ти март во 1945, зеле учество повеќе од 300 делегати – свештеници и мирјани. Откако бил прочитан реферат за улогата на Охридската архиепископија во историјата на македонскиот народ и биле ислушани дискусиите на бројни дискутанти,
Соборот донел едногласна резолуција за идната црковна положба во слободниот дел на Македонија.

Прво, да се обнови Охридската архиепископија како Македонска Православна Црква, која нема да биде потчинета на која и да било помесна национална православна црква.

Второ, таа да има македонски епископи и македонско свештенство, за да се запази посебноста на македонскиот народ и тој да биде поблизок до својата родна црква:

Трето, првиот македонски архијереј да ја носи титулата „Охридски архиепископ“, а Православната македонска црква да се нарекува „Свети Климентова Охридска архиепископија“.

Понатаму во соборската резолуција се говори за тоа, дека Охридскиот архиепископ треба да биде хиротонисан во Охрид и устоличен на тронот на Охридските архиепископи, како и тоа дека за обновувањето на Охридската архиепископија треба да бидат известени сите автокефални православни цркви во светот.

Црковно-народниот собор одлучил да биде избран нов Иницијативен одбор за организирање на Македонската православна црква, давајќи му привремена управна и законодавна власт.

Српската православна црква во месец септември истата година, на заседанието на својот Архијерејски синод, се изјаснила дека не може да ја признае самостојноста и независноста на Македонската православна црква, тврдејќи дека таа се уште има јурисдикција на Епархиите во Македонија. Таа го повикала православниот македонски народ да се врати на состојбата меѓу двете светски војни.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Денес се празнува Светиот пророк Самуил

Петнаесетти и последен од Судиите на Израилот.…

Денес се празнува Светиот маченик Андреј Стратилат

Беше офицер-трибун во римската војска во времето…

Денес се празнува Преподобен Јован Рилски

Овој голем подвижник и светилник на Православната…

Денес се празнува Преподобен Јоаким Осоговски

Се подвизуваше во втората половина на 11…

Денес се празнува Светиот пророк Михеј II

Од племето Јудино, а од селото Мориси,…