О’Брајан вели дека САД се сојузник, партнер и пријател на Македонија
Џејмс О`Брајан, помошник на државниот секретар на САД за европски и евроазиски прашање го честиташе изборот на првата жена претседател на Македонија Гордана Силјановска- Давкова, во соопштение на социјалната мрежа Х (поранешен Твитер).
-Честитки до Гордана Силјановска-Давкова, досега првата избрана жена за претседател на Македонија. Како сојузници, партнери и пријатели со Македонија со нетрпение очекуваме да работиме на значајни реформи и заеднички цели на патот кон евроатлантската интеграција, напиша О` Брајан.
Силјановска-Давкова победи во вториот круг на претседателските избори што се одржаа на 8 мај. Истовремено, на парламентарните избори партијата ВМРО-ДПМНЕ освои 58 места во 120-члениот парламент
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) РОДНИОТ ГРАД НА ПУТИН ВО ПЛАМЕН!…
Голем број експлозии и пожари биле пријавени…
Рама не попушта пред масовните протести: „И…
Албанската полиција се судри со стотици демонстранти…
Шведска и Франција на врвот по силувања…
Шведска и Франција пријавуваат десетици пати повеќе…
Канадскиот премиер потврди сериозен инцидент во воена…
Канадскиот премиер Марк Карни соопшти дека се…
(Видео) Загинати и повредени во голем пожар…
Загинати и повредени во голем пожар во…