О’Брајан го поздравува состанокот Вучиќ-Лајчак: Целосна имплементација на договорите!
Американскиот помошник државен секретар за европски и евроазиски прашања Џејмс О’Брајан ги поздрави средбите на специјалниот пратеник на ЕУ Мирослав Лајчак со Александар Вучиќ и Албин Курти, потсетувајќи ги на сите обврски кои постојат во процесот на нормализирање на односите меѓу Белград и Приштина.
Ги поздравувам средбите на Мирослав Лајчак со Албин Курти и Александар Вучиќ. САД силно го поддржуваат дијалогот што го води ЕУ“, напиша О’Брајан на социјалната мрежа „Х“.
Тој додаде дека е потребна целосна имплементација на договорот, вклучително и формирање Заедница на општини со српско мнозинство, а потоа наброја и други барања на меѓународната заедница.
„Треба да се постигне напредок со нови локални избори на северот на Косово; бараме координација пред да ги спроведеме новите валутни регулативи. Србија мора да ги повика на одговорност оние кои се вклучени во нападот во Бањска“, рече О’Брајан.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фон дер Лајен и Кошта по средбата…
Претседателите на Европската комисија и на Европскиот…
Вучиќ ги искара српските министри: „Ѓуро, не…
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, обраќајќи се…
Вучиќ: Многу сум му благодарен на Додик…
Српскиот претседател Александар Вучиќ и лидерот на…
Вучиќ: На воената парада беше претставена гордоста…
Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека воената…
Вучиќ: Благодарност до руските партнери што нè…
Српскиот претседател Александар Вучиќ денес во Токио…