О’Брајан: САД обезбедуваат силна поддршка на Шмит и користењето на Бонските овластувања

t

Американскиот помошник државен секретар за европски и евроазиски прашања Џејмс О’Брајан денеска во Сараево се сретна со високиот претставник во Босна и Херцеговина, Кристијан Шмит, со кого разговараше за најважните предизвици со кои се соочува Босна и Херцеговина, вклучувајќи го и изборниот интегритет.

„Помошникот државен секретар ја потврди силната поддршка на САД за високиот претставник и неговото користење на Бонските овластувања за спроведување и одбрана на Дејтонскиот мировен договор“, објави американската амбасада во Босна и Херцеговина на социјалната мрежа „Икс“.

Тој ја повтори поддршката на САД на БиХ и нивните институции, обезбедувањето на функционалноста на тие институции, како и сузбивањето на запаливата реторика и акциите насочени кон поткопување на БиХ и државните институции.

О’Брајан синоќа пристигна во Сараево, а во текот на денот ќе има бројни средби, меѓу другите, и со членови на Претседателството на БиХ и на Советот на министри на БиХ.

Вонредните овластувања на Советот за имплементација на мирот ѝ беа доверени на Канцеларијата на високиот претставник за Босна и Херцеговина во 1997 година за време на состанокот во Бон, Германија, и беа наречени „Бонски овластувања“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сообраќајка на крстосница во Скопје – настрада…

МВР информира дека синоќа околу 20:40 часот…

Америка крие тела на четири вида вонземјани,…

Научник, кој со децении работел со програмата…

Ислам Абази нема повторно да се кандидира…

На истекот на четиригодишниот мандат, актуелниот шеф…

Филипче: СДСМ нема да биде алиби за…

СДСМ нема да биде алиби на власта…

Нема место за јавнообвинителско постапување во набавката…

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран…