Обраќање на Путин: Никој никогаш нема да може да ѝ диктира на Русија какво општество треба да изгради
– Западот игра крвава и валкана игра. Тоа не ги става на прво место интересите на другите земји. Западот секогаш игра за ескалација: ја поттикнува војната во Украина, ја влошува ситуацијата околу Тајван, ја влошува енергетската криза и ги уништува гасоводите. Знајте дека „оние кои сеат ветар жнеат бура“ – рече Путин.
Тој додаде дека Западот „ги наметнува сопствените вредности и модели на потрошувачи“ и дека тие се обидуваат да ги стандардизираат тие модели во светот.
– Човештвото има два избора. Можеме да продолжиме со проблемите кои ги оптоваруваат сите или ќе работиме заедно – рече Путин и го повика Западот да работи на заедничка иднина со Русија.
Западот не може да ѝ диктира на Русија какво општество треба да изгради
Според него, САД немаат што да му понудат на светот освен својата доминација.
– Никој никогаш нема да може да ѝ диктира на Русија какво општество треба да изгради. Западот има право на десетици секс и геј паради, но тие не треба да се обидуваат да ги воведат во други земји – рече Путин.
Тој додаде дека Американците го убиле иранскиот генерал Сулејмани и се фалеле со тоа.
– Што е тоа? Каде живееме? Тоа е лудост – рече Путин.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Дел од Скопје без струја – ова…
Голем дел од Скопје вежерва остана без…
Мицкоски од Брисел: Не испорачуваме билатерални прашања,…
Премиерот Христијан Мицкоски очекува Европската комисија да…
Еве кои се компаниите за брзи кредити…
Скопското Тиго и тетовското Фикс кредит, дознава…
Трамп најави нови царини за 13 земји…
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска повторно предложи…
(Фото) Професорот Фрчковски меѓу присутните: Протест на…
Неколку стотини граѓани попладнево пред македонското Собрание,…