Објавена листата со најзастапени европски презимиња – македонското сосема очекувано

t

Ако Американците со презиме Смит би формирале своја држава, тоа би била 35-та најнаселена американска држава. Смит е многу често презиме во другите земји од англиско говорно подрачје, но секоја земја во светот има „најпопуларно“ презиме.

Во Македонија најзастапено презиме секако е Стојановски, а во продолжение ви ги претставуваме најчестите европски презимиња и нивното значење.

Андора

Гарсија – од ова најпопуларно презиме, евидентно е дека оваа земја, сместена меѓу Франција и Шпанија, со јазикот повеќе се приклонува кон Шпанија.

Австрија

Грубер – ова е презиме изведено од германскиот збор Groube, што значи дупка или вдлабнатина. Се однесува на личност која живее во низините.

Белорусија, Бугарија

Иванов – синот на Иван, дополнителни објаснувања сметаме дека не се потребни.

Белгија

Питерс – од зборот Петрус, што значи камен или карпа.

Босна и Херцеговина

Хоџиќ – презимето доаѓа од зборот хоза, што значи „син на мајсторот“.

Црна Гора

Поповиќ – изведенка на српскиот збор поп, буквално значи „син на свештеник“.

Чешка

Новак – доаѓа од словенскиот збор за дојденец (што е прилично збунувачки).

Данска

Јенсен – кратенка од „син на Јоханес“, а Јоханис значи „Јахве ме благослови со син“, т.е. „благословено дете“.

Естонија

Тамм – во превод значи „даб“.

Финска

Корхонен – изведенка на зборот корхо, што буквално значи глув човек, но може да се преведе и како итар.

Франција

Мартин – слично на презимето Мартинез, тоа е изведенка на името Марс, римскиот бог на војната.

Германија, Швајцарија

Милер – значи мелничар, кој меле жито.

Грција

Пападопулос – комбинација од зборовите papas (свештеник) и poulus (син).

Унгарија

Наѓ – преведено како голема, значи голема или моќна личност.

Исланд

Jónsdóttir – значи ќерка на Јон.

Ирска

Марфи – доаѓа од галското име O Murchadha, што значи „потомок на Murchad“, т.е. морски воин.

Италија

Роси – преведено како личност со црвена коса и румено лице (неочекувано за Италијанците, кои обично ги замислуваме како темни и црнокоси).

Косово

Красниќи – значи потомци на племето Красниќи од северот на Албанија.

Латвија

Bērziņš – буквално преведено би значело „оној што живее меѓу брезите“.

Лихтенштајн

Büchel – изведенка од германскиот збор за рид, ова презиме може да се преведе како „оној што живее на ридот“.

Луксембург

Шмит – слично презиме на германскиот Шмит и англискиот Смит.

Македонија

Стојановски – етимологијата на ова презиме не е разјаснета, но на македонските зборови често им се додавала наставката –ски.

Малта

Борг – значи тврдина. Па кога се презиваат така, ги викаат „еј, тврдина!“

Молдавија

Русу – преведено како личност која потекнува од Русија.

Монако

Роси – иако Роси во моментов е најчестото презиме со 89 жители, тие имаат голема конкуренција од луѓето со презимето Лоренцо, од кои моментално има 67.

Холандија

Де Јонг – во превод значи „млад“.

Норвешка

Хансен – старонордиски збор што означувал луѓе кои создавале песни. Се толкува и како форма на името Ханс, т.е. Јоханис.

Полска

Новак – исто така значи и некој што е нов, дојденец

Романија

Попа – изведенка на романскиот збор за свештеник.

Сан Марино

Гасперони – ова презиме доаѓа од латинскиот збор gasparus, што значи „оној што го чува богатството“.

Србија

Јовановиќ – во превод „син на Јован“.

Словенија

Новак – значи и некој што е нов во областа.

Шпанија

Гарсија – речиси 1,5 милиони Шпанци се презиваат според баскискиот збор за мечка.

Шведска

Андерсон – син на Андерс, а Андерс доаѓа од грчкиот збор andreios, што значи „мажествен“.

Турција

Јилмаз – „непопустлив, нефлексибилен“.

Украина

Мелник – руска верзија на презимето Милер, „оној што меле жито“.

Ватикан

Бахман – дури четири лица во Ватикан го имаат тоа презиме.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Извештај на „Ал Мада“: Сценарија за американски…

Ирачкиот премиер Али ал Заиди им соопштил…

РУБИО СО ОСТРИ КРИТИКИ КОН ИРАН: Преговорите…

Американскиот државен секретар Марко Рубио упати остри…

АМЕРИКА ГО ПОДГОТВУВА ИЗРАЕЛ ЗА ТРЕТ БРАН…

Американската Централна команда (ЦЕНТКОМ) испратила порака до…

(Видео) ОГРОМЕН ПОЖАР ВО НАЈГОЛЕМОТО ГАСНО НАОЃАЛИШТЕ…

Силен пожар избувна вечерва во гасното наоѓалиште…

ТРАГЕДИЈА ВО ЕГИПЕТ: Седум загинати и над…

Најмалку седум лица загинаа, а повеќе од…