Објавена ранг листата на воените сили во светот: Македонија падна за четири места во споредба со претходно

t

Во однос на воената моќ, од поранешна Југославија, Србија е на 63. место, Хрватска на 74, Албанија на 78, Словенија на 96, Македонија на 112., Црна Гора на 127, Босна и Херцеговина на 132 и Косово на 141. Ова го покажуваат податоците на веб-страницата „Global Firepower“, која секоја година објавува годишен извештај и рангирање на 140 национални вооружени сили.

Како што е наведено на веб-страницата „Global Firepower“, повеќе од 60 индивидуални фактори, како што се бројот на воени единици, финансиите, логистичките способности и географијата, се користат за креирање на рангирањето.

Топ пет листата ја предводат САД со индекс од 0,0744, потоа Русија (0,0788), Кина е трета, Индија е четврта по воена сила, а Јужна Кореја е петта.

На последното рангирање Македонија беше на 108-то место од 145 земји на листата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ДЗС: безбедно отстранети две минофрлачки гранати од…

Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) безбедно…

Платите во Армијата и одбраната се зголемуваат…

Сакам да информирам за една преубава вест,…

Доскорешниот началник на Генералштабот на АРМ, Васко…

Поранешниот началник на Генералштабот на Армијата на…

Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…

Досието на Македонија е многу сложено, но…

Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…

Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…