Оваа сабота “Стела” на филмската вечер на отворено во Градскиот парк

t

Филмска вечер на отворено со филмот „Стела“ во рамки на фестивалот за миленици „Скопје Пет Фест“, најавија од Градот Скопје.

Филмските вечери на отворено, дел од богатата културна понуда на Градот Скопје во рамките на кандидатурата за Скопје – Европска престолнина на културата 2028, викендов продолжуваат во недела на летната сцена „Лепеза“ во стариот дел на Градскиот парк.

Во рамките на целодневниот фестивал за миленици „Скопје Пет Фест“ ќе се одржи проекцијата на филмот „Стела“ од режисерот Стојан Вујичиќ, со почеток во 19:30 часот.

Во недела со почеток во 11 часот во стариот дел на Градскиот парк за првпат ќе се одржи Пет Фест Скопје. Фестивалот е замислен како семеен настан за деца, возрасни и нашите крзнени пријатели, со богата едукативна и забавна содржина- едукативни работилници за деца, маскоти со омилените ликови од анимираните филмови, едукативни и интерактивни предавања за одговорно сопствеништво, сведоштва за вдомени миленици, документарен филм за дивиот животински свет, кино проекција, музика и многу забава за сите посетители.

Целта на фестивалот е да се подигне јавната свест за чување на миленик, како и од најмали нозе децата да имаат повеќе љубов и емпатија кон животните.

Влезот е бесплатен за сите посетители.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОБИД ЗА УБИСТВО НА БЕНЗИНСКА ВО СКОПЈЕ!

СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.А.(34)…

Тешка кражба во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против…

(Видео) ЕКСКЛУЗИВНИ ДЕТАЛИ ЗА СКАНДАЛОТ НА СКОПСКИОТ…

Во вечерашната вонредна епизода на „Тешки муабети“…

(Видео) Андов: Ќе тужам за незаконското разрешување…

Ќе тужам поради незаконското разрешување од позицијата,…

Се намалува цената на парното во Скопје

Од први август скопјани ќе плаќаат пониска…