ОВА ГО ИМА САМО ВО БУГАРИЈА! Избраа кмет со само 4 гласа од вкупно 4 гласачи
Бугарското село Јаребица кое се наоѓа на само 15 километри од Општина Карџали, стана вест на денот на локалните избори во Бугарија, но и пошироко.
До селото тешко се стигнува, бидејќи патот е прилично лош, навигацијата не функционира, а таму нема ниту продавница ниту некаков центар.
Но, Рашед Тефик годинава беше избран за кмет– градоначалник со само 4 гласа, јавува БТВ.
Тефик вели дека според избирачкиот список во селото живеат 130 луѓе, но во реалноста се четворица – тој, неговата сестра и двајца соседи.
Бугарскиот закон налага во населени места, каде што има повеќе од 100 души со постојана адреса, неопходно е да се да се избере кмет на локални избори.
На вчерашните избори се бараа четири лица да гласаат за кмет.
Имаше само еден кандидат – Решед Тефик.
Сестрата на Решед е болна и невработена, а двајцата преостанати жители на селото се пензионери. Очигледно сите, вклучително и самиот тој, гласале за Решед.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
На штипскиот УГД во првиот уписен рок…
Заврши пријавување на кандидатите за упис во…
Полска ја обвини Украина за „шовинизам“ поради…
Полска ја предупреди Украина за последиците од…
Украина ќе добие над 6 милијарди евра…
Европската комисија денес соопшти дека Украина ќе…
Михаилов: Ова што ни се случува на…
Заменик-директорот на ЈП „Национални шуми“, Кире Михаилов…
„Малореканска Летна Школа – По патеките на…
Во селото Тресонче на 30 август ќе…