ОВА Е БОДИБИЛДЕРОТ кој во живо, на Инстаграм го пренесуваше убиството на сопругата
Корисник на социјалната мрежа Инстаграм утринава објави вознемирувачко видео на кое, како што тврди, ја убива сопругата. Вистинската драма се одвивала во областа Градачац во Босна и Херцеговина, а во тек е потрагата по мажот за кој се сомничи дека ја убил сопругата.
„Потерата е во тек. Специјалците се на терен“, соопштија кусо од МУП.
Полицијата во моментов трага по мажот, а сите активности ги спроведува во соработка со Кантоналното обвинителство во Тузла. Од оваа судска институција до сега не соопштиле информации за случајот во Градачац, наведувајќи дека се утврдуваат сите детали.
Човекот кој денеска ја застрела сопругата во Градачац и емитуваше видео во живо на Инстаграм, е всушност Нермин Сулејмановиќ, бодибилдер и фитнес тренер кој веќе и е познат на полицијата.
Според локалните медиуми, видеото е многу вознемирувачко, а крв се гледа насекаде.
На видеото се гледа и бебе кое лежи на плочките, пишува Аваз.ба.
„Овде можете да видите како изгледа убиство во живо“, рекол полудениот убиец, пренесува Аваз.
Осомничениот инаку бил член на нарко-бандата на Емир Коџаг.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Биткоинот повторно отиде над 80.000 долари
Биткоинот скокна над 80.000 долари во вторник,…
Андоновски: Нема да дозволиме матни тендери по…
СДСМ и Венко Филипче ќе бидат против…
Трамп: Ормуската Теснина е исчистена од мини,…
Сите мини во меѓународните води на Ормуска…
Почина Доли Партон, кралицата на кантри музикат
Легендарната американска пејачка и авторка Доли Партон…
Некој пукал во бик со воздушна пушка…
Жител на тетовското село Волковија пријавил во…