Ова е иранецот кој ги координирал терористите! Неофицијално позната е метата на атентатот

t

Петмина македонски државјани се уапсени во Македонија и во Грција во рамките на заедничка операција за разоткривање мрежа осомничена дека подготвувала атентат врз лице во Грција. Според Агенцијата за национална безбедност, осомничените дејствувале по директни насоки на иранскиот државјанин Едрис Џахангири Маванех, поврзан со иранските безбедносно-разузнавачки структури. Надлежните не го објавија идентитетот на планираната цел.

Четворица од осомничените биле уапсени во Скопје, додека петтиот бил приведен во Грција и екстрадиран во Македонија. Според агенцијата Анадолија, која пренесува информации од грчкиот весник „То Вима“, тој бил вратен во земјава на 12 ноември.

Директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, соопшти дека на четири лица им е одреден притвор, едно е во куќен притвор, а шесто лице опфатено со случајот сè уште е недостапно за органите на прогонот.

Истрагата започнала на почетокот на 2026 година и се водела во соработка со грчката национална разузнавачка служба, други партнерски служби и македонското МВР. Според АНБ, членовите на мрежата биле лица од криминални структури во земјава, кои преземале подготвителни и логистички активности за извршување терористички акт, односно атентат во Грција.

Во текот на операцијата биле откриени тајни средби во трети земји, вклучително и во Иран. Преку нив, според агенцијата, биле утврдени контактите со Маванех, кого АНБ го посочува како организатор на планираната акција. Агенцијата го поврзува и со Наџи Шарифи Зиндашти, кого го опишува како наркобос.

Дополнителни детали за неговата наводна улога објави „Си-ен-ен Грција“. Според извори на медиумот, Маванех живее во Иран и ја координирал операцијата, од финансирањето и изборот на цели до издавањето наредби за извршување на нападите.

Истиот медиум наведува дека тој наводно координирал криминални мрежи во Европа и Америка, управувал со финансиските трансакции и ги носел клучните оперативни одлуки. Маванех, според овие информации, стапил во контакт и со турски бос на организираниот криминал, преку кого се одвивале подготовките за нападот во Грција.

Едно од централните прашања во истрагата останува идентитетот на планираната жртва. Според „Си-ен-ен Грција“, петмината уапсени дале две различни верзии за целта на нападот.

Четворицата притворени тврделе дека целта бил познат ирански дисидент, опозициски активист и критичар на режимот во Техеран. Според нивните искази, тоа лице се наоѓало на список за ликвидација на иранското Министерство за разузнавање и безбедност, познато како МОИС.

Петтиот уапсен, на кого му е изречена мерка со електронски надзор, наводно го признал своето учество и опишал друга цел. Според неговиот исказ, нападот требало да биде насочен против израелски државјанин што живее во Грција и работи во голема компанија.

Овие спротивставени искази оставаат отворени прашања за конечниот план и за идентитетот на потенцијалната жртва. Во фокусот на истрагата се точниот синџир на командување, начинот на финансирање и улогата на посредниците преку кои наводно се пренесувале наредбите.

АНБ соопшти дека ќе продолжи со активности за откривање други лица вмешани во вакви мрежи и за спречување потенцијални терористички закани.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ова е иранецот кој ги координирал терористите!…

Петмина македонски државјани се уапсени во Македонија…

Падна доверливата комуникациска мрежа на американската НСА,…

Висококласифицираната мрежа што американската Агенција за национална…

(Видео) Затворен е мостот на Крим по…

Украина предизвика сериозни оштетувања на Кримскиот мост,…

Танкер потона во близина на бугарскиот брег…

Танкерот „ГАС ХАСКИ“ потона околу 50 милји…

„Имам голем проблем да барам од вас…

Вие пратениците нè претставувате нас, ги претставувате…