Ова е “независна држава”: Алтернатива бара судството да се стави под “целосен меѓународен протекторат”
Од политичката партија Алтернатива денеска побараа судството во Македонија да биде ставено под цеосен меѓународен протекторат.
Коментирајќи ја одлуката за разрешување на поранешната претседателка на Судскиот совет, Весна Дамева, од партијата коментираат.
-Осудувајќи го овој чин како скандалозен и констатирајќи дека Македонија потфрлува во правосудниот систем, за што пред неколку дена имавме реакција и од американската амбасадорка во земјата, Алтернатива потсетува колку е важно да се прифати нејзиниот предлог за уставно санкционирање на неможноста за застарување на предметите кои се поврзани со политичка корупција.
„Освен тоа, како што се одвиваат работите во Македонија во областа на правото, многу брзо ќе бидеме принудени да бараме не само експертиза на судските предмети, за што се залагаме подолго време за предметите врз кои има сомнеж за политичка импликација, туку ќе бидеме принудени да бараме меѓународен протекторат на целокупниот правосуден систем“, велат од партијата на Африм Гаши.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ДЗС: безбедно отстранети две минофрлачки гранати од…
Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) безбедно…
Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…
Досието на Македонија е многу сложено, но…
Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…
Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…
Македонија со седум борачи на Светското првенство…
На предстојното сениорско Светско првенство во борење,…
ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…
ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…