Ова ли е причината за нападот?!: Руската амбасада проговори за американските биолабаратории во Украина кои требале да го уништат Русинот на генетско ниво!
Амбасадата на Руската Федерација во БиХ соопшти, реагирајќи на соопштението на американската амбасада во Сараево, дека Русија спроведува специјална воена операција за демилитаризација и денацификација на украинскиот режим, а не инвазија за која Американците лажат.
„На страницата на американската амбасада во Сараево на социјалната мрежа Инстаграм е објавен патетичен „документарец“ во кој се наведува дека руските претставници „лажеле“ за немање намера да извршат „инвазија“ на Украина. Но, како и обично, самите Американци лажат. Бидејќи нема „инвазија“, објави руската амбасада на својата Фејсбук страница.
Руската амбасада посочи дека целта на руската операција е демилитаризација, бидејќи САД стојат зад вооружувањето на Украина, а ова оружје варварски се користело за уништување на цивилното население на Доњецк и Луганск, вклучително и деца.
„Соединетите Американски Држави ја преполнија Украина со биолаборатории, кои – многу веројатно – се користеа за проучување на методите за уништување на рускиот народ на генетско ниво“, соопшти руската амбасада.
Амбасадата објасни дека денацификацијата била целта затоа што САД ги охрабрувале неонацистичките тактики и стратегија на Бандера од Киев и суштински ја спречиле Украина, како страна на договорот од Минск, да ги исполни своите обврски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Шокантни детали од „енергетското примирје“ на Трамп:…
Таканареченото „енергетско примирје“ што американскиот претседател Доналд…
Русија не прифаќа примирје со Украина: Пропаѓа…
Русија засега не потврдува дека прифатила какво…
Иран го оцени американскиот одговор за Ормускиот…
Иран го оцени како недоволен американскиот одговор…
Републиканци против Трамп: Договорот за руски дизел…
Договорот на американскиот претседател Доналд Трамп за…
Американските медиуми: Трамп е многу – многу…
Американскиот претседател Доналд Трамп е силно незадоволен…