Ова не е нормално, тешко и со две просечни плати, не со една минимална: Синдикалната кошничка за септември изнесува 50.224 денари!
ССМ бара доследна примена на одредбите од колективните договори за усогласување на платите, платежни картички за посиромашните граѓани и бесплатен градски превоз до и од работа
Синдикалната минимална кошница, која ја пресметува Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) , за септември достигна 50.224 денари. Инфлацијата излезе надвор од контрола и достигна високи 18,7 проценти, но Владата не презема ништо во изминатиот период да се спречи ваквиот галопирачки раст, реагира ССМ веднаш по објавувањето на изнформацијата за августовската годишна инфлација од страна на Државниот завод за статистика.
„Владата и работодавачите го честитаа 07 октомври, Меѓународниот ден за пристојна работа со непристојни плати и непристојна работа, со сиромашни работници и граѓани кои веќе не можат да си ги дозволат основните потреби за егзистенција. Поради се поевидентното зголемувањето на цените, имаме тренд на осиромашување на работниците и граѓаните и итно е потребно зголемување на платите со кој ние работниците без да се грижиме за нашата егзистенција ќе можеме да си ги овозможиме трошоците најмалку во висина на една синдикална потрошувачка кошница“, велат опд ССМ.
ССМ бара доследна примена на одредбите од колективните договори за усогласување на платите согласно порастот на инфлацијата, продолжување на важењето на досегашни анти-кризни мерки со замрзнување на маржата кај досега определените продукти како и проширување на повеќе прехрамбени продукти, но и бесплатен градски превоз до и од работа.
Од ССМ бараат Владата да преземе мерки.
„Бараме да се поделат вредносни картички за купување храна и плаќање на сметките за електрична енергија на одредена категорија на семејства, особено на оние чиј вкупен приход е во износ под просечна плата (31.812,00 денари) во едно четиричлено семејство во висина до разликата од синдикалната минимална кошница (50.224,00 денари)“, велат од ССМ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Синдикалната кошница за август тежи 68.675 денари
Вредноста на синдикалната кошница за август 2026…
Компаниите од DAX индексот објавија рекордна добивка,…
Четириесет од германските компании кои го сочинуваат…
ЕУ од суфицит премина во дефицит, трговскиот…
Европската унија го заврши првото полугодие од…
Полска стана шеста економска сила во ЕУ,…
Полската економија станува се позначајна во Европската…
Министерство за економија: Нема потреба од интервентни…
Во моментов, официјалните показатели не упатуваат на…