ОВА НЕ Е НОРМАЛНО: 13-годишен ученик со нож усмртил еден наставник, а повредил уште петмина
Тринаесетгодишен ученик во најголемиот бразилски град Сао Паоло, денеска смртно избодел 71-годишен наставник и повредил тројца други наставници и двајца ученици во државно училиште.
Петтемина повредени се хоспитализирани и се во стабилна состојба.
Осомничениот напаѓач е приведен и е под истрага на воената полиција, напиша на Твитер гувернерот на Сао Паоло, Тарцизио Фреитас.
Немам зборови да ја изразам мојата тага поради веста за нападот врз учениците и наставниците во државното училиште Томаси Монторо во Вила Соња. Еден 13-годишен тинејџер е веќе уапсен и нашите напори се насочени кон помош на повредените и утеха на нивните семејства, напиша гувернерот на социјалните мрежи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Родителите од Долни Балван на протест против…
„Моменатлно имаме 14 деца и нив ќе…
Израел уби висок генерал на либанската армија
Израелската војска тврди дека возилото влегло во…
Епидемиолози влегоа во скопското ОУ „Невена Георгиева…
Дваесетина ученици и еден наставник од Основното…
Хорор во Црна Гора: Косовски државјанин ја…
Башким Гаши (46), косовски државјанин, е уапсен…
Телото најдено во буре е на српскиот…
Институтот за судска медицина „Милован Миловановиќ“ до…