Објавено на:

Ова не му е прва грешка: Пред несреќата кај Лариса, шефот на станицата погрешно пренасочил уште еден воз

t

Шефот на железничката станица во Лариса  неколку часа пред неодамнешниот судир на два воза во Грција, во кој загинаа 57 лица, го пренасочил и приградскиот воз во Лариса на погрешна патека, објави денеска грчката телевизија „Скај“. За среќа, машиновозачот на приградскиот воз го сфатил тоа и укажал на грешката, по што го прашал главниот на станицата дали е се во ред, но не добил одговор.

Шефот на станицата се соочува со тешки обвинувања за нарушување во сообраќајот и за тоа дело, му прети затворска казна од  десет години до доживотен затвор. Тој исто така се соочува со обвиненија за повеќекратно убиство од небрежност, но и со обвиненија за предизвикување телесни повреди.

Според обвинението, пропустите се сериозни, не само поради грешката што го пренасочил возот во погрешна насока, туку како што се  наведува тој можел да го види возот кога погрешно свртил, но не ја исправил погрешил и да ја поправи својата кобна одлука.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Разбиена голема мрежа за даночни измами во…

Грчките власти разбиле голема мрежа за даночни…

Разбиена мрежа за шверц на мигранти во…

Грчката полиција разби наводна мрежа за шверц…

Грција ги забрани социјалните мрежи за деца…

Децата помлади од 15 години во Грција…

Протести и во Грција: Ученици, студенти и…

Грчки студенти денеска поставија шатори во близина…

Грчките инвестиции во енергетскиот сектор на Романија…

Говорејќи на третото издание на „Кодексот на…