Ова се најсреќните држави во ЕУ годинава, има и наши соседи

t

Според показателите за квалитет на животот на Евростат, Австрија има највисока оценка за среќа од која било земја членка на ЕУ – 7,9 од 10. Податоците се базираат на анкети спроведени во секоја земја членка, пишува „Индипендент“.

Од друга страна, Германија забележа голем пад и 2023 година ја заврши со оценка од 6,5 – се верува дека тамошната финансиска состојба има прилично штетно влијание врз среќата на луѓето. Единствената земја што помина полошо од Германија на оваа листа е Бугарија, со 5,6 поени на вкупниот индекс на задоволство од животот.

Сепак, публикацијата наведува дека факторите, како што се нивото на образование, семејството и финансиската стабилност, имале најголемо влијание врз исходот од студијата наместо само богатството. Ова е поткрепено со фактот дека областите што традиционално имаат пониски просечни приходи, Романија и Полска, се двете места каде што задоволството од животот е највисоко. И двете земји вртоглаво се зголемија во популарност како туристички дестинации.

Што се однесува до нашиот регион, Словенија е на високото 4. место, Хрватите се на 10., а Грците на 11. место.

Видете ја целосната листа.

1. Австрија

2. Полска, Романија, Финска

3. Белгија, Холандија

4. Данска, Словенија

5. Чешка, Ирска, Малта, Шведска

6. Естонија, Италија, Кипар, Луксембург

7. Шпанија, Литванија

8. Франција, Португалија, Словачка

9. Унгарија

10. Хрватска, Латвија

11. Грција

12. Германија

13. Бугарија

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Макрон: Европа мора да покаже дека не…

Европа мора да покаже дека не е…

Европски систем за правда и целосен ветинг…

Клучна определба во новиот мандат на СДСМ…

Шолц: Војната во Украина би можело да…

„Никој не може да каже дали оваа…

Орбан: Западот е на чекор од испраќање…

Западот е на прагот да испрати војници…

Цената на природниот гас во Европа достигна…

Цената на природниот гас во Европа достигна…