Ова се носителите на листи на коалицијата „Храбро за Македонија”!

t

Коалицијата „Храбро за Македонија” вечерва до Државната изборна комисија ги достави листите за пратеници во сите шест изборни единици.

„Вечерва имавме Централен одбор каде без каква било замерка или забелешка, едногласно беше усвоена листата за сите шест изборни единици. Во оваа листа имаме и доктори на науки, имаме угледни доктори, имаме хирурзи, имаме луѓе од различни области кои можат да бидат вистински репрезенти на граѓаните на Република Македонија од нивните средини. Она за што овие шест листи ќе се залагаат е реформа во образованието, реформа во здравството и реформа во државната администрација” изјави претседателот на ГРОМ Стевчо Јакимовски пред Државната изборна комисија.

Во Коалицијата „Храбро за Македонија” учествуваат политичките партии Граѓанска опција за Македонија (ГРОМ) партијата Интегра и Партијата за целосна еманципација на Ромите (ПЦЕР).

На изборите „Храбро за Македонија” ќе настапи со следните носители на изборни единици: 

Добрила Андоновска во ИЕ1

Љупчо Ристовски во ИЕ2

Јордан Николов во ИЕ3

Ружица Николова во ИЕ4

Самка Ибраимоски во ИЕ5

Зоран Софрески во ИЕ6

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во јули 367 одобренија за градење, предвидени…

Во јули годинава се издадени 367 одобренија…

Пендаровски: Независноста не ни е подарена туку…

Со честитка по повод Денот на независноста…

Орхан Муртезани стапи на функцијата во НАТО,…

Новиот македонски амбасадор во НАТО, поранешниот министер…

Мицкоски: Растот на индустриското производство од 3,4…

Растот на индустриското производство во вториот квартал…

Работник Ром го пријавил шефот Албанец дека…

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација…