Ова смути ќе ве разбуди уште од првата голтка

t

Детоксикацијата работи на принципот на стимулирање на црниот дроб и циркулацијата, што го зајакнува имунитетот и ги отстранува различните токсини од телото.

Се користи за чистење на крвта и првенствено делува на отстранување на токсините од бубрезите, црниот дроб, белите дробови и лимфата, а доколку сте размислувале за детоксикација на целото тело, сега е вистинското време за тоа.

Исто така, смути се богати со хранливи материи и витамини, па ќе ви обезбедат дополнителна енергија, особено на почетокот на денот. Еве еден таков рецепт.

Состојки:

1 портокал

1 грст свеж спанаќ

1 грст свежо сечкан кељ

4 мали цветчиња брокула

1 банана

1 јаболко

1/2 морков

1/2 чаша вода (или по потреба)

Сите состојки се ставаат во блендер и се мешаат околу минута или две, додека убаво не се соединат. Пијте веднаш по правењето.

Не е добро да правите смути за следниот ден, секогаш треба да ги пиете свежи веднаш по нивното правење.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски со претседателката на ЕБОР: Разговарано за…

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во рамки на…

Голем пад на светските берзи: Нафтата и…

Светските берзи се соочуваат со нов притисок…

Димитриеска-Кочоска: Со ребалансот правиме корекции согласно реалните…

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска денеска пред…

Мицкоски: Нема да отстапиме од македонските национални…

​Уставните измени секогаш ќе не потсетуваат на…

Американски банки откриле непроверени ВИ-агенти во сметките…

Големи американски банки откриле активности на надворешни…