Овие улици треба да ги избегнувате: Посебен режим на сообраќај за велигденските празници во Скопје
На 15/16.04.2023, по повод празникот Велигден, на подрачјето на град Скопје, од страна на Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе биде воведен посебен режим на сообраќај за одредени сообраќајници во централното градско подрачје, како и во општините Ѓорче Петров и Аеродром.
Во сабота (15.04.), во периодот од 18.00 часот па до завршување на манифестацијата „Воскресение Христово – Велигден“, во центарот на град Скопје за сообраќај ќе бидат затворени следните крстосници:
• бул. „Партизански одреди“, од раскрсницата со ул. „Френклин Рузвелт“ до раскрсницата со бул. „ВМРО“
• бул. „Св.Климент Охридски“, од раскрсницата со бул. „Илинден“ до раскрсницата со ул. „Димитрие Чуповски“
Возилата од јавниот градски сообраќај (автобусите) кои што поминуваат преку мостот „Гоце Делчев“ ќе се движат по бул. „Илинден“ и преку ул. „Френклин Рузвелт“ и ќе се приклучуваат на бул. „Партизански одреди“, додека автобусите кои што поминуваат преку центарот на градот ќе се движат по ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“, пото по ул. „Френклин Рузвелт“ и ќе се приклучуваат на бул. „Партизански одреди“. Истите сообраќајници ќе ги користат и автобудите кои сообраќаат во спротивна насока.
Исто така, во општина Ѓорче Петров за сообраќај ќе се затвори ул. „Македонска војска“, пред црквата „Свети Петар и Павле“, на потегот од крстосницата со бул. „Партизански одреди“ до ул. „Ѓорче Петров“.
Во општина Аеродром, пак, по потреба, за сообраќај ќе биде затворен локалниот пат кон с. Лисиче. Доколку се појави потреба, за сообраќај ќе бидат затворени и други сообраќајници околу верските објекти.
МВР апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
САД ИЗДАДОА ЗДРАВСТВЕНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Сомнежи за белодробна…
Американската амбасада во Москва издаде здравствено предупредување…
Се огласи МВР за случајот Марковски: Се…
Според информациите од МВР, претрес се спроведува…
Поради денешниот инцидент во Црно Море: Претседателката…
Претседателката на Бугарија Илијана Јотова свика седница…
Морнар спасен од брод кој беше нападнат…
Морнар од трговскиот брод „Ејбл“ (Able), кој…
Вулин ќе се кандидира за претседател на…
Основачот на Социјалистичкото движење, Александар Вулин ја…