Се одбележува Задушница во чест на душите на починатите
Духовденска задушница
Спомнувањето на сите починати благочестиви христијани во саботата пред Педесетница е востановено затоа што со собитието на слегувањето на Светиот Дух се завршило домостроителството на спасението на човекот, а во тоа спасение учествуваат и упокоените. Затоа, Црквата која на Педесетница упатува молитви за оживотворување со Светиот Дух на сите живи, на самиот ден на празникот, ја проси и за упокоените благодатта на сесветиот и сеосветуваштиот Дух-Утешител, којашто тие уште во својот живот се уподобиле да ја имаат за извор на блаженства, бидејќи преку Светиот Дух „живее секоја душа“. Затоа, навечерието на празникот, во саботата, Црквата го посветува за спомнување на починатите и за молитва кон нив. Свети Василиј Велики, којшто ги составил умилителните молитви на вечерната на Педесетница, во нив говори дека Господ најмногу во тој ден благоволи да прима молења за умрените, дури и за оние коишто се „држени во адот“.
Православните христијани денес и во сабота ја празнуваат Задушница, се одбележува во чест на душите на мртвите. На овој ден од страна на најблиските се посетуваат гробиштата каде што со лепче, пченица и осветено црвено вино се чита молитва – помен за починатите. На Задушница се сеќаваме на сите наши лица кои се починати, при што ги посетуваме нивните гробови, а воедно исто така се пали свеќа за покој на починатото лице.
На Задушница во христијанските храмови се служи парастос на кој свештеникот со вино прелива пченица, а после службата се оди на гробовите, каде се пали свеќа и се чита молитва.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зеленски: Речиси еден месец чекаме американско одобрение…
Украина речиси еден месец чека американскиот секретар…
Ројтерс“: Хезболах набавува експлозиви и произведува дронови…
Либанскиот Хезболах се подготвува за можно обновување…
Пример за чесност: Младиот Огнен што пронајде…
Чесноста на дело ја покажа 18-годишниот Огнен…
Макрон под притисок од улицата: Најавува мерки…
Францускиот претседател Емануел Макрон најави владини мерки…
Дипломатска мисија во Техеран: Саудиска Арабија, Турција…
Високи претставници на Саудиска Арабија, Турција и…