Видео: Овој Мерцедес Арокс може да влече 1.000 тони

t

Мерцедес-Бенц Камиони изработи посебен примерок од својот Арокс: Запрепастувачка вредност за носивоста, 1.000 тони.

Товарот што може и смее да го влече овој камион на Мерцедес-Бенц изнесува 1.000 тони. Доколку се користи превоз со низа од повеќе камиони, може да се смета на далеку над 1.000 тони вкупна тежина.

Изработен по нарачка на фирмата Виктор Бауман, ова е првиот примерок од моделската серија Арокс, со погон на сите тркала и со широка кабина. Ова навистина единствено возило е изработено во фабриката на Мерцедес-Бенц во Молсхајм. Фирмата ќе го користи камионот за превоз на трансформатори и топлински разменувачи.

Моделот е Арокс СЛТ 4463 АС 8х6. За превоз на товар од оваа екстремна категорија ќе се користат повеќе камиони во композиција, со тоа што Арокс ќе биде главната „локомотива“.

Големата кабина е од посебна корист, за двајца возачи да може да се менуваат за време на долготрајниот транспорт на товар што тежи илјада тони.

Со месеци се работеше на специјалниот камион што ќе превезува тежина колку една четирикатница.

Потребните преправки на стандардниот модел ги изврши фирмата Пол Нуцфарцојге, заменувајќи повеќе од 1.500 делови на основниот камион што беше произведен лани. Во работите учествуваа и договорниот партнер РКГ Траксервис, фабриката на концернот во Верт и фабриката за преправки во Молсхајм.

Фирмата Бауман превезува со два, три, па и повеќе камиони што се поврзани меѓусебно и влечат платформа со повеќе оски, додека назад се наоѓа уште еден камион, што ја турка композицијата пред себе. Токму во улога на „туркач“ ќе се најде овој уникатен Арокс 8х6.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во Иран обесени седум луѓе осудени на…

Невладината организација „Иран Хјуман рајтс“ денеска соопшти…

Сина ајкула тешка 200 килограми уловена во…

Сина ајкула долга повеќе од три метри…

Зеленски: Русија нема сила повторно да го…

Тие немаат сила за голема офанзива против…

МЗТ Скопје до прва победа против Пелистер…

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром со победа…

Нетанјаху: Срцето ми е скршено

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека е…