Огненото момче има златна рака: Ганиу и Меџити доделиле тендери во вредност од 16 милиони евра на две компании со исти сопственици – еве за кого се работи

t

Ако некој настан се случи еднаш може да се смета како случаен инцидент, ако се случи двапати, како коинциденција, но ако се случи трипати, тогаш е регуларност, но ако тендерите на една општина ги добива со години иста компанија со исти сопственици кои се позлатени тоа е очигледна корупција.

Токму ова се има случено во општина Чаир која на две компании со исти сопственици и има доделено 16 милиони евра во тендери.

Огнениот Висар Ганиу кој крена бунт во ДУИ поради наводно незадоволство од справувањето со корупцијата на партијата, очигледно и самиот е вмешан во мегакорупциски скандал кој тежи неколку милиони евра.

Огнениот Ганиу се изгасна и не замина во новата партија која ја направи Изет Меџити, но очигледно има златна рака па успеа да позлати една фамилија со повеќе од 10-тина милиони евра.

Како што дознава Инфомакс од своето истражување се работи за две компании Енергоинвест Трејд и Бауер БГ кои во мандатот на Ганиу имаат инкасирано неверојатно 16 милиони евра.

Како што дознава Инфомакс од свои извори во доделувањето на овие тендери лично има учествувано Изет Меџити како покровител на политичката кариера на Висар Ганиу, но и како човек кој е фатен со рацете во медот по однос на овие коруптивни зделки.

Ганиу на компанијата Енергоинвест Трејд и има доделено 22 тендери во вредност од 1,2 милиони евра во период од 2020 до 2023 година како што може да се види и од официјалните податоци на сајтот „Јавни набавки“.


Како што може да се забележи од јавно достапните информации од централниот регистар компанијата Енергоинвест трејд е во сопственост на Гордана Димитрова, а управители се Глигор Димитров и Љубен Илиевски.

Но она што е многу сомнително е фактот што речиси истата сопственичка структура се појавува и во уште една компанија, а тоа е Бауер БГ.

Kaко што можете да забележите од податоците од Централниот регистар Гордана Димитрова и во Бауер БГ се појавува како сопственик, а тука е Благој Димитров кој се јавува како сопственик, а управител на компанијата е Благој Димитров.

Проблематично е што Енергоинвест трејд кој го има истиот сопственик со Бауерг БГ Ганиу има добиено тендери во вредност од 1,2 милиони евра додека на Бауер БГ, Ганиу има доделено тендери во вредност од 15,2 милиони евра.

Како што може да се види од официјалните податоци од сајтот на „Јавни набавки“ Ганиу на Бауер БГ има доделено 23 тендери со вредност од 4,2 милиони евра и еден тендер во висина од 11 милиони евра за изградба на плоштадот Скендербег.

И додека се говори за патриотизам се игра со националните чувства оние кои веројатно најмногу ги пропагираат овие вредности во јавноста најмногу се офајдија на грбот на граѓаните со наместени тендери кои тежат милиони евра.

Додека истите подгреваат меѓуетнички тензии и национализам крадат и корумпираат при изградбата на плоштад кој го носи името на најголемиот албански национален херој, трагедија…

Очигледно криминалот и корупцијата во Македонија не познаваат ниту вера, ниту етникум туку само желба за кеш и брзо богатење на грбот на Македонците и на Албанците.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Иран со закана за земјите кои ќе…

Иран се закани со одмазда против секоја…

Израелската армија ликвидираше тројца припадници на Хамас…

Израел продолжува да изведува целни убиства на…

Во делови од земјата појава на град,…

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) попладнево информира…

Трамп се закани дека ќе ги удвои…

Американскиот претседател Доналд Трамп во понеделникот најави…

Апасиев: Филипче не знае каде тера, прво…

Претседателот на Левица, Димитар Апасиев, во изјава…