“Ограбен” кавадарчанец: Некој земал кредит во негово име
Кавадарчанец пријавил во полиција дека некој друг земал кредит во негово име, информираше денеска портпаролот на СВР Велес Ристе Самарџиев.
– Вчера во 10.00 часот во Полициската станица во Кавадарци, кавадарчанецот Р.Л.(44) пријавил дека на 25 јануари добил телефонски повик од финансиско друштво дека има рата за плаќање кредит. Според пријавеното, тој не аплицирал за кредит во финансиско друштво, по што сфатил дека неговите лични податоци биле злоупотребени, појасни Самарџиев.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Од утре нема плаќање во готовина во…
Од утре патниците во градскиот и приградскиот…
Пожарот во Кавадарци бил подметнат, се очекува…
Од околу 30 пожари кои биле регистрирани…
Измамник од Кавадарци фатен со обележани 2.000…
На 23.07.2026 во 13:50 часот на Градски…
Позитивни вести: Кавадарци доби принова од 7…
Во Општата болница во Кавадарци во еден…
Претрес во Кавадарци, пронајдена дрога, лишено од…
На 13.05.2026 во 17:00 часот, полициски службеници…