Ограничувањето на трговските марки ќе биде продолжено до крајот на годината

t

Ограничувањето на трговските маржи кое според одлуката на Владата требаше да биде до крајот на септември, ќе биде продолжено до крајот на годинава, изјави министерот за економија Крешник Бектеши одговарајќи на новинарско прашање во врска со високата инфлација.

Владата, на 15-ти јуни одлучи за леб бел-сечен на парчиња или цел, за шеќер бел како и за сончогледово масло за јадење, со исклучок на ладно цеденото, има трговска маржа до 5 проценти во трговијата на големо и до 5 проценти во трговијата на мало. За брашно од пченица – тип 400 и тип 500, за макарони и шпагети од тврда пченица, македонски бел ориз, за трајното кравјо млеко со масленост од 2,8%, 3,2% и 3,5% и за јајца од кокошка, за сите трговски друштва и трговци поединци кои учествуваат во трговскиот ланец утврдена е трговска маржа од 10 проценти во трговијата на големо и до 10 проценти во трговијата на мало.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ: Економијата покажува знаци на стабилизација и…

Економијата се стабилизира од пустошот и хаосот…

(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…

Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…

Инфлацијата повторно расте – храната поскапе, а…

Инфлацијата во Македонија во мај се искачи…

Инфлацијата ја јаде платата, народот го плаќа…

Инфлацијата ја јаде платата, народот го плаќа…

Вајц: Бев мета затоа што одбив да…

Тој се пожали дека бил цел на…