Огромен пожар му се заканува на Солун: евакуирани населби, се слушале експлозии
Во околината на Солун, вториот по големина град во Грција, избувна голем шумски пожар кој брзо се шири кон населени места, соопшти грчката противпожарна служба. Жителите на населбите Антуполи, Филотеј и Галини добија итни СМС-пораки за евакуација, јавува АП.
Од објект во кој се сместени 157 лица со попреченост, околу 120 лица кои можеле да се движат се префрлени во локална сала, додека останатите се згрижени во психијатриска болница, соопштија локалните власти. Пожарот избувнал околу 20:30 часот во планинско подрачје и брзо се проширил кон рамничарскиот дел. Огнот главно зафаќа густа ниска вегетација. Иако станбените објекти засега се одбранети, има штета на неколку деловни објекти.
Жителите на Солун пријавуваат дека од градот се гледаат пламени јазици, а се слушале и експлозии од запалени материјали во индустриските објекти. Густ облак чад се проширил над западните делови на градот. Во гаснењето се вклучени околу 115 пожарникари со 38 противпожарни возила, како и доброволци, а интервенирале и воздушни средства кои подоцна биле повлечени поради ноќни услови.
Властите соопштија дека е уапсен 76-годишен маж под сомнение дека го предизвикал пожарот. Според противпожарната служба, тој делувал како да бил под дејство на алкохол. Иако засега нема индиции дека огнот се движи директно кон центарот на Солун, пожарникарските екипи остануваат на терен, додека се очекуваат дополнителни засилувања. Силниот ветер дополнително ја отежнува ситуацијата.
Грција ова лето повторно се соочува со серија пожари, а само во последните денови се регистрирани нови жаришта на северот на земјата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Огромен пожар му се заканува на Солун:…
Во околината на Солун, вториот по големина…
Руски воени бродови се упатија кон Кина,…
Кинеската и руската морнарица следната недела ќе…
Ивановски: Филипче е врвен неврохирург, но не…
Игор Ивановски, по повеќе од една деценија…
Почина 24-годишен скопјанец: Имал здравствени проблеми, телото…
На 04.07.2026 во 12:50 часот во СВР…
21-годишен скопјанец обљубил малолетничка, а негов пријател…
Полициски службеници од СВР Скопје вчера попладне…