Одбележувањето на годишнината од раѓањето на Делчев ќе биде настан од висок безбедносен ризик! Нема да се дозволи пристап на лица што провоцираат!

t

Се разговараше за актуелната безбедносна состојба во Македонија, Косово и Украина. Министерот за надворешни работи реферираше за посетата на Украина и нашето рпетседавање со ОБСЕ, информираше претседателот Пендаровски по денешната седница на Советот за безбедност.

Пендаровски истакна дека се зборувало и за состојбата со развојот на односите со Бугарија.

– На таа тема реферираа директорите на службите. Според достапните анализи и сознанија се работи за организирани активности од страна на структури од Бугарија. Истите се мобилизирани и логистички и финансиски за да поддржат масовно доаѓање на 4 февруари. Тоа ќе биде настан од висок безбедносен ризик. Надлежните органи нема да бидат неми набљудувачи, истакна Пендаровски кој нагалси дека со културна дипломатска реторика се одговра на ваквите провокации.

Пендаровски додаде дека како сериозна држава, предлог на Пендаровски до владата е согласно Законот за странци да му се забрани влез во Македонија на еден бугарски европратеник ( неофицијално Џамбаски) и на неколку државјани на Бугарија.

Тоа практично значи прогласување на Џамбаски и другите лица за непожелни личности.

На 4 февруари целиот пат од границата со Бугарија до гробот на Делчев ќе биде обезбеден од службите и нема да се дозволи влез на лица кои го омаловажуваат македонскиот народ, истакна претседателот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Жените во Македонија за еднаква работа заработуваат…

И покрај законските гаранции за еднаква плата…

Во јули 367 одобренија за градење, предвидени…

Во јули годинава се издадени 367 одобренија…

Пендаровски: Независноста не ни е подарена туку…

Со честитка по повод Денот на независноста…

Орхан Муртезани стапи на функцијата во НАТО,…

Новиот македонски амбасадор во НАТО, поранешниот министер…

Мицкоски: Растот на индустриското производство од 3,4…

Растот на индустриското производство во вториот квартал…