Одбележување на Денот на македонската полиција – 7 Мај
годинава традиционално Министерството за внатрешни работи продолжува заедно со граѓаните да го чествува Денот на македонската полиција – 7 Мај. По тој повод денеска централната манифестација за одбележување на празникот ќе се одржи на сцената на Долни Сарај, Охрид.
На манифестацијата, на која ќе присуствуваат членови на Владата, како и министри за внатрешни работи и директори на полиции од европските држави, претставници на дипломатскиот кор и други високи гости, ќе се обратат министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и претседателот на ИНТЕРПОЛ, генерал мајор Ахмед Насер Ал-Раиси.
Како што е најавено, во кругот на Министерството за внатрешни работи, ќе биде положено цвеќе пред Споменикот на загинатите припадници на МВР од страна на министерот Спасовски, државниот секретар при МВР Магдалена Несторовска, директорот на Бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски и заменик директорот на БЈБ Ариф Асани, Здружението на бранителите, семејствата на загинатите припадници на МВР и претставници на Македонскиот полициски синдикат.
По повод 7 Мај – Денот на македонската полиција министерот Спасовски упати честитка до припадниците на македонската полиција, вработените во МВР, истакнувајќи дека нема ништо поблагородно од тоа што тие се на браникот на државната сувереност, на сигурноста на граѓаните, гарантирајќи мир и безбедност за секого.
-Почитувани колеги, вие сте симболот на довербата во институциите. Токму полициската униформа влева чувство на сигурност, на спокоен живот. Вие сте првиот пријател на граѓанинот, кога станува збор за одржување на јавниот ред и мир, за безбедноста во сообраќајот, за имотни деликти, спасувачка мисија или некоја покомплексна оперативна акција, како што се оние за сузбивање на недозволена трговија со дрога и оружје, илегална миграција или пресметка со организирана криминална група… За сите овие активности влогот е енормен, бидејќи често знаат да бидат и многу ризични, истакна Спасовски во видео честитка, потсетувајќи и на полициските службеници кои го положија својот живот борејќи се за безбедноста на граѓаните.
Македонската полиција, посочи, е на граѓаните и бескомпромисна по прашање на криминалот.
Содржината продолжува после огласот
Луѓето со болки во колената и бутовите треба да да го прочитаат
Sponsored by MonadPlug
-Нејзината ефективност од година во година расте, а со тоа расте и довербата во институцијата. А, за тоа говорат резултатите. Република Македонија е најбезбедна земја на Западен Балкан, во друштво на 36-те најбезбедни земји во светот. 2022 година ја завршивме со најдобри резултати во последните 30 години! Тоа се наши заеднички резултати!, рече Спасовски.
Според него, креирана е силна и задоволна полиција за безбедни и спокојни граѓани.
-Со речиси 80 реновирани објекти низ државата, со нови униформи и опрема, пет исплатени бонус плати, за скоро време и 6-та бонус плата, во четири наврати зголемени плати од 2017 година па наваму, поттикнавме ефикасна оперативна работа на терен со што го намаливме криминалитетот. И не отстапуваме од нашата агенда со цел уште подобри резултати и уште поголема безбедност!, наведе Спасовски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп директно го обвини Иран за терористичкиот…
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска директно го…
Илјадници приврзаници на Имран Кан тргнаа кон…
Илјадници поддржувачи на затворениот поранешен пакистански премиер…
Нов напад во Ормускиот Теснец – погоден…
Нов брод е погоден во Ормускиот Теснец,…
Град Скопје и скопските општини ги наградија…
По повод 5 Октомври – Светскиот ден…
Стојаноски бара Брисел да седне на маса…
Македонија и Бугарија најпрво треба директно да…