Одбележување 80 години од Антифашистичкиот фронт на жените на Македонија
Со повеќе настани во текот на декември ќе биде одбележана 80-годишнината од формирањето на Антифашистичкиот фронт на жените (АФЖ) на Македонија (14-15 декември 1944).
Како дел од одбележувањето на јубилејот од формирањето на масовната женска организација АФЖ во Македонија, во периодот од 12 до 24 декември ќе се одржат културно-уметнички настани, како и промоција на зборник научни трудови, тркалезна маса и уметничка изложба.
Целта е комеморативно, научно и критичко практикување на културата на сеќавање во однос на историјата на АФЖ. Меѓу гостите и учесниците на настаните ќе бидат бројни домашни и регионални експерт(к)и и активист(к)и релеватни за опфаќање на различните значења на јубилејот, од историска, родова и социполитичка димензија, информираат организаторите кои денеска на прес-конференција ќе ја соопштат програмата со планираните активности за одбележување на јубилејот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ДЗС: безбедно отстранети две минофрлачки гранати од…
Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) безбедно…
Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…
Досието на Македонија е многу сложено, но…
Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…
Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…
Македонија со седум борачи на Светското првенство…
На предстојното сениорско Светско првенство во борење,…
ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…
ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…