Објавено на:

Одбор за мир: Нема повлекување на Израел од Газа пред разоружување на Хамас

t

Одборот за мир – иницијативата предводена од САД – вчера соопшти дека израелската армија целосно ќе се повлече од Појасот Газа само откако Хамас ќе биде разоружан.

„Спротивно на неточните извештаи, повлекувањето на Израелските одбранбени сили (ИДФ) зад Жолтата линија ќе дојде само по завршувањето на процесот на разоружување, на кој Хамас се обврза пред медијаторите“, соопшти одборот за мир на Икс, додавајќи дека ова се однесува на лесното и тешкото оружје, како и на мрежата на тунели.

Објавата дојде откако американскиот претседател Доналд Трамп минатата недела тврдеше дека е постигнат договор за разоружување на палестинското исламистичко движење Хамас. Според планот објавен од Одборот за мир, Хамас треба да го предаде своето оружје на палестинската власт.

Меѓутоа, Хамас изјави дека спроведувањето на планот зависи од прекинот на израелските воени операции во Газа. Групата, исто така, изјави дека ќе предаде тешко оружје само по целосното повлекување на израелските сили од Појасот Газа и воспоставувањето палестинска држава.

Од друга страна, Израел истакнува дека ќе се повлече од Газа само кога Хамас ќе биде целосно разоружан и ја отфрла можноста оружјето да се складира во областа.

Одборот за мир, во кој учествуваат, меѓу другите, Аргентина, Унгарија, Албанија, Белорусија, Саудиска Арабија, Катар и Турција, беше формиран на почетокот на годината за да се спроведе мировниот план за Газа, чиј посредник беше Доналд Трамп. Иницијативата предизвика бројни контроверзии, а повеќето земји од Европската Унија ја сметаат за конкуренција на Обединетите нации и одбија членство во организацијата или прифатија статус на набљудувач.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Рубио: Трамп мисли дека Израел е доволно…

Американскиот државен секретар Марко Рубио денеска изјави…

САД се подготвуваат за распоредување меѓународни сили…

Американските воени подготовки се во тек во…

Израелскиот претседател му го довери мандатот на…

Израелскиот претседател Исак Херцог денеска му го…

Хуманитарна катастрофа во Газа: Поројните дождови поплавија…

Поројните дождови поплавија десетици илјади шатори во…

Се проверува авион од Израел на аеродромот…

Авион од Израел слетал во Софија и…