Објавено на:

ОДВРАТНО: Татко-монструм ја силувал сопствената ќерка, таа родила негово дете

t

Вишото јавно обвинителство во Ниш официјално соопшти и потврди дека е уапсен Б.М. од Ниш, кој е осомничен за силување на неговата ќерка. Осомничениот ќе биде сослушан во ова обвинителство во рок од 48 часа.

„По наредба на Вишото јавно обвинителство Ниш, на 09.03.2023 година, на осомничениот Б.М. од Ниш му е одредена мерка притвор до 48 часа, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело силување. а во наведениот рок осомничениот ќе биде сослушан во ова обвинителство по повод сите околности на настанот“ – соопштија од обвинителството.

Како што пренесува српски Блиц, според неофицијални информации, постои сомнеж дека осомничениот ја силувал својата ќерка, која забременила и родила девојче.

Оштетената изјавила во полиција дека се преселила да живее кај нејзиниот татко во Ниш, во октомври 2020 година, откако се вратила од згрижување, и дека истиот ден откако пристигнала во неговиот стан, тој ја принудил на сексуален однос.

Грозоморната ситуација повторно се случила во февруари 2022 година, но несреќната девојка успеала да го пријави силувањето дури кога отишла да ја посети својата мајка која живее во Пеќинци.

Мајката ја однела ќерката на лекарски преглед во болницата во Сремска Митровица каде било констатирано дека е бремена. Откако ќерката родила девојче, врз основа на ДНК анализа било утврдено дека биолошкиот татко е всушност осомничениот, односно нејзиниот татко.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Хорор во Делчево: Силувано 15-годишно девојче!

На 07.12.2023 полициски службеници од Полициската станица…

Монструозно: Таткото на Вања направи ЛАЈК со…

Таткото на Вања попладнево e донесен во…

(Видео) ХОРОР! Наставник сексуално вознемирувал 13 годишно…

Наставник сексуално вознемирувал 13 годишно девојче? -…

Уапсен британски пратеник осомничен за силување и…

Британскиот конзервативен пратеник Криспин Блант потврди дека…

Драма во населба Аеродром, се обидел да…

Синоќа околу 22 часот во СВР Скопје…