Објавено на:

“Одиме на Солун”: Колони возила на “Богородица”, се чека околу 45 минути

t

Продолжува метежот на граничниот премин „Богородица“ во овој дел од годината кога повеќето лица ги користат годишните одмори. Од АМСМ информираат дека за излез од државата, токму преку овој граничен премин се бележи зголемена фреквенција на возила, а времето на чекање е околу 45 минути.

Според она што може да се забележи од камерите на Јавното претпријатие за државни патишта, расположливите капацитети на ГП „Богородица” се ставени во функција и возила има во повеќе колони кои сакаат да влезат на грчка територија.

На останатите гранични премини од македонска страна, нема поголеми задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Разбиена голема мрежа за даночни измами во…

Грчките власти разбиле голема мрежа за даночни…

ДЗС: безбедно отстранети две минофрлачки гранати од…

Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) безбедно…

Разбиена мрежа за шверц на мигранти во…

Грчката полиција разби наводна мрежа за шверц…

Грција ги забрани социјалните мрежи за деца…

Децата помлади од 15 години во Грција…

Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…

Досието на Македонија е многу сложено, но…