Одлични вести за војниците: До крајот на годината се очекува нов колективен договор за вработените во одбраната и Армијата
До крајот на годината да биде потпишан нов колективен договор со кој ќе се унапредат правата на вработените во одбраната и Армијата, се согласиле на денешната средба министерката за одбрана Славјанка Петровска и претставници на Независниот синдикат на одбраната.
Од Министерството за одбрана соопштија дека ова е продолжение на успешната соработка на министерката со синдикатите во одбраната, која досега, како што се вели, резултирала со измени на Законот за служба во Армијата со кои се воведени повисоки плати, зголемени месечните приходи со исплата на месечна станарина, воведена отпремнина за професионалните војници со навршени 45 години, подобрени условите за пензионирање…..
Соработката на министерката со синдикатите, потенцираат од МО, продолжила со несмалено темпо што довело до изготвување на нов Закон за вработените во одбраната, со кој се воведуваат низа поволности и за административните службеници и за сите категории на вработени во Министерството за одбрана.
Претседателот на Независниот синдикат на одбраната Ванчо Исајов го поздравил процесoт на донесување на Законот за вработени во одбраната, којшто во моментот се наоѓа во собраниска процедура.
Претставниците на Независниот синдикат во одбраната и врачиле на министерката Петровска благодарница за успешната соработка и за нејзината поддршка за унапредување на положбата на вработените во одбраната и Армијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Метео: Видете какво ќе биде времето денес
Променливо облачно со сончеви периоди. По одделни…
ЗЕЛЕНСКИ БАРА ПИСМЕНИ ГАРАНЦИИ ОД ЗАПАДОТ: Украина…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски побара од западните…
Мерц му порача на Трамп: Мировниот договор…
Германскиот канцелар Фридрих Мерц му порача на…
НОВИ ЕКСПЛОЗИИ ВО ИРАН: Силни детонации во…
Иранските медиуми јавуваат за нови експлозии во…
ЕУ и НАТО: Претстои уште многу работа…
Европската Унија и НАТО повторија дека претстои…