Одлични вести за Ѓоковиќ – не е тешко повреден и може да игра веќе во Доха
Наспроти прогнозите од врвни доктори објавени последната недела, повредата што Новак Ѓоковиќ ја доживеа во полуфиналето од Австралија опен не е толку тешка како што се претпоставуваше.
Спортклуб објави дека според деталните прегледи, тој би можел да се врати на тренинзи веќе од понеделник и да настапи на АТП турнирот во Доха кој стартува на 17 февруари. Настапот во Катар е можност да ги исполни и своите обврски кон спонзорите, а и повторно да се сретне со некои од најдобрите тенисери, пред Карлос Алкараз и Јаник Синер кои го потврдија своето учество.
Претстојните денови ќе се знае повеќе на оваа тема, но ако настапи, Ѓоковиќ ќе се обиде конечно да дојде до 100. титула во кариерата, а прва по пауза од 15 месеци. Докторите претходните денови прогнозираа дека Србинот ќе мора да паузира меѓу шест недели и два месеца, а во прашање беше доведен и неговиот настап на „Ролан Гарос“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Почина проф. д-р Зоран Спировски, еден од…
Почина проф. д-р Зоран Спировски, истакнат торакален…
„Нема да нѐ снема“ – граѓаните на…
Со едноминутно молчење во знак на почит…
Пијан охриѓанец правел хаос на улица: Уапсен…
На 07.11.2026 во 23.45 часот, на улица…
Разбудени од кома двајцата полицајци што го…
Полициските службеници Јакуб Кулик и Артур Морањски,…
ЕК го пофали напредокот, приходите над 2,1…
Царинската управа во 2025 година собрала над…